Свет

Судир меѓу товарен воз и автобус кај Евротунелот во Франција, најмалку 19 повредени

Судир меѓу товарен воз и автобус кај Евротунелот во Франција, најмалку 19 повредени

Најмалку 19 лица се повредени во судир меѓу товарен воз и автобус на француската страна од Евротунелот, кој ги поврзува Франција и Велика Британија, соопштија француските власти.

Несреќата се случила вечерва, на 15 октомври, во областа Па де Кале, во близина на влезот во тунелот под Ламанш, на просторот каде што возилата се качуваат на железничките композиции на услугата Le Shuttle.

Според првичните информации од локалните власти, во несреќата се повредени најмалку 19 лица, меѓу кои и возачот на автобусот. Засега нема информации за загинати, а надлежните соопштија дека животот на ниту еден од повредените не е во опасност.

На местото на несреќата интервенираат екипи на итната медицинска помош и другите спасувачки служби.

Причините и точните околности под кои дошло до судирот засега не се познати.

Француските власти најавија дека во текот на вечерта ќе соопштат дополнителни информации за несреќата и состојбата на повредените.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни