Судир на полицијата и демонстрантите во Грција на протестот поради судирот на два воза

Грчката полиција и демонстрантите денеска се судрија за време на протестите во Атина и Солун, кои беа организирани по повод новите детали од истрагата за железничката несреќа на станицата Темпи, кога пред две години загинаа 57 лица, јавуваат грчките медиуми.

Во Атина до плоштадот Синтагма дошло до судири, кои потоа се прошириле на околните улици, по што полицијата употребила солзавец и шок бомби, објави Екатимерини.

Судири имаше и во Солун, каде припадниците на полицијата исто така ги растераа демонстрантите.

За денеска се закажани масовни протести по новите детали од истрагата за судирот на два воза во градот Темпи кај градот Лариса, кога загинаа дури 57 лица, а повеќе од 80 беа повредени.

Семејствата на загинатите бараат да се откријат сите одговорни за несреќата од 2023 година.