Кривичен суд денеска ќе одлучува за барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на притворот, и замена за домашен притвор.
Вчера Боки 13 пред судот на јавна седница даваше образложение зошто треба да му биде укинат притворот.
„Здравствената состојба ми е животнозагрожувачка, а за овој случај треба да бидам жив за да ја кажам вистината“, рече Јовановски.
Јовановски се наоѓа во притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“. Второосомничениот Зоран Милески – Кичеец од неодамна е во домашен притвор, а Катица Јанева како третоосомничена е во притвор, и притоа и беше одбиено барањето за домашен притвор.