Судот донесе одлука да го ослободи поранешниот премиер Никола Груевски од обвинение за случајот „Траекторија“ поради застарен случај.
Случајот „Траекторија“ се однесувше за постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, при што обвинетите ги искористиле и своите овластувања.
Во случајот покрај Груевски, обвинети се Владими Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски. Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.