Хонг Конг ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром во четврток, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагас, кој ги погоди Филипините, Тајван и јужна Кина претходно оваа недела.
Аеродромите, училиштата, бизнисите и транспортните услуги во Хонг Конг беа затворени еден и пол ден поради тајфунот Рагаса, кој претходно предизвика огромни штети на Филипините и Тајван, каде што официјално беа потврдени 14 смртни случаи.
Најсилниот тропски циклон во светот оваа година потоа го погоди југот на Кина, градот Јангѓанг и Хонг Конг, каде што беа повредени повеќе од сто луѓе. Огромни бранови ги погодија источните и јужните брегови на Хонг Конг во среда, а поплавите ги потопија патиштата и станбените згради.
Властите во Хонг Конг објавија дека итно ги поправаат срушените патишта, обидувајќи се да отстранат речиси две илјади паднати дрвја и да решат нешто помалку од 100 случаи на поплави. Супертајфунот Рагаса е спореден со тајфунот Хато од 2017 година и тајфунот Мангхут од 2018 година, кои предизвикаа штета од повеќе милијарди долари.