Македонија

„Св. Еразмо“ за прв пат доби неврохируршки микроскоп – пациентите нема да мораат да патуваат во Скопје за оперативни зафати

„Св. Еразмо“ за прв пат доби неврохируршки микроскоп – пациентите нема да мораат да патуваат во Скопје за оперативни зафати

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп.

Според Филипче, овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле.

„Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати. На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување“, додава Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни