Македонија

Свадба се претвори во трагедија – двајца се ранети, едниот од нив е синот на Џеват Адеми

Веселба со истрели од огнено оружје во воздух на свадба во Тетово, за малку да се претвори во трагедија откако беа ранети две млади момчиња. Со прострелни рани се здобија А.Б. (27) и Ф.А. (26). Повредените веднаш се испратени во Ургентен центар во Тетово, а потоа се пренесени на скопската клиника. Еден од повредените е синот на пратеникот Џеват Адеми, кој бил присутен на свадбата.

Од МВР велат дека не знаат кој пукал, но велат дека случајот се истражува.

Пратеникот Џеват Адеми не сакаше да даде изјава за случајот. Од СВР Тетово апелираат на семејните прослави да не се користи огнено оружје со цел да не се става во опасност човечкиот живот. За пукање на прослави, казната се движи од 200 до 500 евра а за предизвикани повреди следува затворска казна од 1-5 години.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни