Сватовите избегале, истрчале и младенците: Драма во Голубиња сред земјотресот!

Земјотресот што синоќа ја погоди областа Зеница во БиХ, прекина свадба во ресторан во Голубиња!

Еден од очевидците наведува дека младенците и свадбарите веднаш по земјотресот го напуштиле ресторанот, за по неколку минути да се вратат и да ја продолжат веселбата.

– Бев на бензинска пумпа, никој не знаеше што се случува, одеднаш почнаа да го напуштаат ресторанот. Излезе целата свадбена веселба! Навистина необична глетка – изјави читател на локалниот портал 072инфо.

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди Босна и Херцеговина. Епицентарот бил на 10 километри од Зеница, но тлото се тресело низ целиот регион. Земјотресот е почувствуван и во Белград. Според досегашните информации четири лица се повредени.