Сведок: На 27 април во 18 часот Чавков не беше во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичнјиот суд продолжи судењето за настаните од 27 април, по краткото одложување поради аларм а пожар во Кривичниот суд. Денеска во судот сведочеше Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков на „крвавиот четврток“. Тој кажа дека Чавков не бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ истиот ден во 18 часот како што сведочеше претходно Александар Василевски – Нинџа.

Димитриевски рече дека Чавков во тоа време бил во неговата канцеларија на „Технометал Вардар“ и останал таму два чава. Потоа од МВР некаде околу полноќ заминал во штаборт на ВМРО-ДПМНЕ.

Се вчитува...

Како што кажа Димитриевски, до 19 часот било мирно, а потоа кажа дека Чавков почнал да зборува на телефон како дава команди.

Нинџа, пак, на ова одговори дека паркингот на Технометал Вардар и ВМРО-ДПМНЕ е ист, и на обезбедувањето на Чавков му рече дека не го чувале добро Чавков, затоа што тој и натаму тврди дека бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ од 18:20 до 19:15 минути.

Извор: ТВ21