Светска банка со поддршка за трансформација на додатокот за трето дете, програма која троши најмногу средства, а е најмалку ефикасна

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете.

Во рамките на извештајот се препорачува и поддржува трансформација на програмата за родителски додаток за трето дете која е најмалку ефикасна, а троши најмногу средства од сите програми за социјална помош. Дополнително, се поддржува проширување на опфатот на сиромашните, со добро таргетирање преку нова шема за ГМП.

Се вчитува...

„Владата е свесна за недоследностите во системот за социјална помош и е посветена на спроведувањето сеопфатни реформи. Главната цел на реформите во системот за социјална заштита би требало да биде зголемување на ефективноста и ефикасноста на системот, преку реформи како на таргетираните така и на категориските социјални надоместоци“, е наведено во последниот извештај на Светска банка, во кој се анализира постојниот систем за социјална и детска заштита и предложените реформи од Министерството за труд и социјална политика.

Извор: ТВ21