Македонија

Светската трговска организација нотира позитивен тренд во македонската економија

Најновата ревизија на Светската трговска организација објавена на 15 јули, покажува дека нашата економија е на добар пат а владините политики даваат добри резултати, истакна премиерот Заев. Тој рече дека бруто домашниот производ е зголемен за околу 40 проценти, има позитивен раст на платите, директни странски инвестиции, како и намалување на невработеноста.

Министерот Бектеши истакна дека во ревизијата се наведува дека земјава и економски и политички е стабилна како добра основа за одржлив раст.

Извештајот на Светската трговска организација се спроведува по 6 години, откако последната ревизија на економското работење на земјава беше направено во 2012 година.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни