Лондон е домаќин на самит на кој се собираат и експерти за вештачка интелигенција (ВИ) и светски лидери.
Италијанскиот премиер Џорџо Мелони и американскиот потпретседател Камала Харис се меѓу присутните. Домаќин на форумот е британскиот премиер Риши Сунак, кој пред неколку дена изјави дека безбедноста во областа на вештачката интелигенција ќе биде меѓу водечките теми.
САД и Кина ја поддржаа заедничката изјава за потребата од управување со потенцијално „катастрофалните“ ризици што ги носи вештачката интелигенција. Учеството на двете земји се смета за клучно со оглед на нивниот статус на лидери во оваа област.
Риши Сунак беше под жестоки критики за упатувањето на поканата до Кина. На форумот учествуваат вкупно 28 земји, меѓу кои Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Во соопштението се наведуваат потенцијални „катастрофални“ ризици за сајбер безбедноста, биотехнологијата и дезинформациите, како и загриженоста за приватноста.
Конференцијата беше отворена со видео обраќање на кралот Чарлс III, кој рече дека вештачката интелигенција не е „не помалку важна од откривањето на електричната енергија“.
Со нетрпение се очекува заедничкото интервју на премиерот Риши Сунак и претприемачот Илон Маск, кој исто така е присутен на форумот. Маск претходно изјави дека вештачката интелигенција може да доведе до „уништување на цивилизацијата“.