Свет

Светското првенство 2022 е во топ 3

Светското првенство 2022 е во топ 3

Натпреварите на Светското првенство на ФИФА во Катар ги посетиле повеќе од 3,4 милиони навивачи.

Ова го покажуваат податоците за бројот на гледачи на 64. натпревар на турнирот, објавени на официјалната веб-страница на Меѓународната фудбалска федерација.

Светски шампион по трет пат во историјата стана селекцијата на Аргентина, која во финалето ја победи Франција со 4:2 по изведувањето на пенали и 3:3 во регуларното време и продолжението.

Вкупниот број на гледачи кои присуствуваа на 64 натпревари на Светското првенство 2022 година беше 3.404.252 навивачи. На секој натпревар во просек присуствувале 53.191 гледач. Најпосетени се три натпревари на стадионот Лусаил – од групната фаза Аргентина – Мексико (2:0), во полуфиналето Аргентина – Хрватска (3:0) и во финалето Аргентина – Франција.

Според посетеноста, Светското првенство во Катар е трето во историјата по САД 1994 и Бразил 2014, на кои присуствувале 3.568.567, односно 3.441.450. Во првите пет според овој показател се и Светското првенство во Германија во 2006 година (3.367.000) и Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка (3.167.984).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни