Еден од македонските стари рецепти измислен од нашите баби и дедовци уште пред 300 години. Важи и за еден од најбрзите и најлесни рецепти за подготовка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- Масло за јадење (околу 15 лажици)
- 1 лажица брашно
- 2 лажици ситно мелена пипер
- 3dl вода
- 4 јајца
- сол, лук, магоднос
ПОДГОТОВКА:
- Во претходно загреано масло ставете една лажица брашно да се пржи.
2. Додадете го мелениот сув пипер и по желба може да се додаде и буковец, мешајте постојано и веднаш прелијте со вода да не загори.
3. Кога ќе почне да се готви, додадете јајца, посолете и оставете да крчка. Може да додадете лук и по желба магдонос.
4. Кога јајцата се готови, готова е и целата тава.
ПОСЛУЖУВАЊЕ
Многу важно е брашното и пиперот да не загорат. Многу е повкусно ако ставите една лажица буковец, која е малку лута. Свирипилето најчесто се сервира со домашен потпечен леб, посебно во есенските и зимските месеци. Некои го јадат како макало, а некои како прелив. Може да се подготви и без јајца. Може да се додаде и нане по желба.
Според други извори, „свирипиле“ се прави од суви пиперки, лук, масло, киселина, малку вода, сол и нане. Можно е да има и други модификации или додавки.
КОЈА Е ПРИКАЗНАТА?
Приказната за традиционалното македонско „свирипиле“ раскажана во брошурата „Буковска пипер“. Се смета дека македонското и единствено „свирипиле“ името го добило многу одамна кога на некое детенце му се пријало, а бабата направила „нешто“ со пиперки и го олутела. За да не плаче внучето, почнала да му вика „Свири пиле, Свири пиле!“. Оттогаш, така останало меѓу народот.
Во селото Буково свирипилето е познато како „солило“, а во Битолско, со додаток на маслинки, го викаат „Макарина“.




