Македонија

СВР Тетово: Граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје, купување и употреба на петарди и различни други видови пиротехника

Наближуваат повеќе празници и поради тоа Секторот за внатрешни работи Тетово веќе отсега апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје, купување и употреба на петарди и различни други видови пиротехника.

Зашто, употребата на петарди и пукањето со огнено оружје претставува законски прекршок и прекршителите ќе се соочат со соодветни пријави и глоба, која се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.Покрај тоа, а зависно од другите околности и крајни последици, ваквата неодговорна постапка, односно однесување ќе биде и кривично санкционирано.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш укажува дека пукањето со огнено оружје и невнимателното користење на пиротехника, особено поголеми патарди и огномети, пред се од малолетници, лесно може да ја доведе во прашање, не само нивната лична, туку и безбедноста на другите граѓани.

На возачите од Полог,пак, пред и за време на претстојните празници им се советува докрај да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и задолжително да поседуваат зимска опрема, особено ако патуваат кон Попова Шапка, Стража и Маврово.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни