Во организација на Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово и Полициската станица за безбедност на сообраќајот Тетово, вчера ( 12 декември ) во Детската градинка „Алја“ во Тетово беше одржана едукативна презентација од областа на сообраќајот.
Најмладите, односно двесетината деца од оваа тетовска установа поблиски беа запознати што претставуваат сообраќајните знаци, која е функцијта на семафорите, за што служат тротоарите и како правилно и безбедно да се користат.
Покрај тоа, на децата практично им беше покажано и како и каде најбезбедно да ја преминуваат улицата и како да се движат по улиците на кои нема обликувани тротоари.
Целта на вчерашната презентација, инаку беше основно, елементарно едуцирање на децата од оваа градинка, во функција на подигнување на нивната сообраќајна свест и култура, пред се како пешаци, но и како велосипедисти и слично.
