СЗО со апел до жителите на Северна и Јужна Америка за празниците да останат дома

Регионалната канцеларија на Светска здравствена организација за Америка препорача одложување или намалување на масовните собири за време на претстојната празнична сезона, бидејќи има пораст на бројот на инфицирани со Ковид-19 во многу земји во Северна и во Јужна Америка.

– Не е време да се одржуваат големи собири за време на пандемијата, нема сезона за одмор без ризик, изјави помошник директор на Панамериканската здравствена организација Јарбас Барбоса.

Тој додаде дека верските служби треба да се одржуваат на отворено, ако е можно или со ограничен број на верници.

– Со секое собирање, со секое пазарување и со секој план за патување, ризикот од ширење на вирусот се зголемува, па најбезбедна опција за сите е да останат дома, посочи Барбоса.

Тој додаде дека продолжува да се зголемува бројот на новозаразени во САД, но иста е и ситуацијата во земјите во Северна, Централна и Јужна Америка.

Во светот регистрирани се повеќе од 60 милиони луѓе заразени со новиот коронавирус.

The post СЗО со апел до жителите на Северна и Јужна Америка за празниците да останат дома appeared first on TV21.mk.