НОВАК ЃОКОВИЌ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП ранг листата.
По победата на Новак, неговата сопруга Јелена се огласи на Инстаграм. Таа ја сними ТВ емисијата во која се слават Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Горан Иванишевиќ. Боже, ти благодарам“, напиша Јелена.
Тие се заедно од средно училиште
Новак и Јелена се заедно уште од тинејџерските денови. Тие се запознале во средно училиште во 2005 година. Во тоа време Новак само што почнуваше професионално да се занимава со тенис. Се запознале во пошироко општество, а ги поврзал разговор за спорт. Имено, Јелена се занимавала со атлетика.
Тенисерот во една прилика изјави дека го привлекува насмевката на Јелена и дека е среќен што се зближиле пред тој да постигне голем успех.
“На прв поглед ме освои со нејзината насмевка. Секако, изгледот секогаш е на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент, и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех, бидејќи знам дека таа е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запознала кога имал 17 години“, рече тогаш.
Новак не крие колку Јелена го поддржува
„Таа е мојот најголем поддржувач, способна е, амбициозна и силна. Најмногу го сакам кај неа нејзината искреност, тоа е она што не прави среќни“, додаде тој. Нивната врска се искомплицира кога Јелена замина да студира во Италија, а Новак мораше повеќе да се посвети на кариерата.
“Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си дозволи да студира во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари да финансира скапо патување. Авионите беа вселенски бродови за нас, не можевме да си го дозволиме тоа”. , се присети еднаш Јелена. До дипломирањето, парот одржувал врска на далечина, а потоа заедно се преселиле во Монако.
Тие се верија во 2013 година, а се венчаа во јуни истата година во Свети Стефан во Црна Гора. Четири месеци подоцна Јелена го роди нивното прво дете, синот Стефан. Три години подоцна ја добија ќерката Тара.