Свет

Тајфунот Муифа ослабна до тропска бура, но се очекува да предизвика поплави

Тајфунот Муифа ослабна до тропска бура, но се очекува да предизвика поплави

Тајфунот Муифа ослабна до тропска бура, соопштија кинеските метеоролози, но сепак ќе донесе дожд и поплави во неколку крајбрежни провинции додека се движи кон север, пренесе Ројтерс.

Дванаесеттиот циклон во годината – за кој локалните медиуми велат дека е најсилниот што ја погодил делтата на реката Јангце во последните 10 години – падна на копно синоќа во близина на Шангај. Еден милион луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост, летовите беа откажани, пристаништата беа затворени, а немаше многу извештаи за штета. Сепак, корисниците на кинеската социјална мрежа Веибо објавија откорнати дрвја и патишта покриени со паднати лисја.

Тропската бура Муифа се движи кон северозапад со брзина од 20-30 км/ч и се очекува да помине по источниот брег на провинцијата Џиангсу и да го премине полуостровот Шандонг, соопшти кинеската метеоролошка управа. Обилни врнежи се очекуваат во североисточната провинција Џиангсу, централниот и источниот дел на Шандонг и Лиаонинг и југоисточната провинција Џилин. Во некои области, врнежите можат да бидат од 30 до 60 mm на час, на места – до 70 mm. Метеоролозите во некои провинции предупредија на опасност од поројни поплави покрај реките, како и опасност од лизгање на земјиштето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни