Тајна свадба во Лас Вегас – Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално во брак

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер решија да ја овековечат својата љубов. Имено, парот вчераво капела во Лас Вегас изврши интимна свадбена церемонија.

Според странските медиуми, парот се венчал во строга тајност, само неколку часа по доделувањето на Греми наградите.

Кортни и Тревис ги искористија наградите Греми како можност да се венчаат во градот на гревот, пишува магазинот TMZ.

Според очевидци, парот ангажирал личен фотограф на кој му било забрането да открива какви било информации за настанот.