Македонија

Талат Џафери нема да ја коментира скандалозната снимка, ќе се бара одговорност од тие што не го прекинале преносот?

Собранискиот спикер очигледно денеска нема да собре храброст и да се појави пред новинарите.

Од неговиот кабинет велат дека нема денеска Талат Џафери да ја коментира снимката.

Според наши информации, одговорност ќе се бара од собраниските служби и МРТ кои не го прекинале преносот во живо.

Инаку, вчера се појави снимка како Талат Џафери употребува вулгарни зборови по вработените во Собрание.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни