Талат Џафери упати честитка по повод празникот Богојавление-Водици

Претседателот на Собранието Талат Џафери, упати честитка до сите кои го прославуваат денешниот празник Богојавление – Водици, посакувајќи им добро здравје, мир и спокој во домот и во душата.

„Почитувани граѓани на Република Македонија,

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на сите православни верници кои денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици, да им честитам и да им посакам добро здравје, мир и спокој во домот и во душата, личен и колективен економски напредок и благосостојба. Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата, а пораките на взаемна почит, соживот и солидарност нека течат јасно и брзо како вода на сите страни, продирајќи во сите пори на општественото живеење, влевајќи сила и верба дека заедно можеме да негуваме вистински човечки вредности и сакаме да градиме вистински демократска правна држава во која правата и слободата на граѓаните ќе бидат пред сѐ и над сѐ еднакви за сите, без оглед на етничката, верската или каква било припадност. Токму во таа разноликост е и сета убавина и богатство на мултиетничките и мултиконфесионалните општества. Да бидеме горди на тоа, да бидеме пример во светот и регионот за тоа.

Почитувани граѓани, нека е честит и за многу години празникот!“, се вели во честитката на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Извор: ТВ21