Тара повторно шокира: Ќе возам автомобил без дозвола колку што сакам

Тара Симов, позната најмногу по реалното шоу Задруга, на својот Инстаграм профил се вклучи во живо и истакна дека ќе вози автомобил без дозвола колку што сака.

„Ќе возам со или без дозвола додека јас тоа го посакувам“, заклучила таа.

Инаку, неодамна се појавија информации низ медиумите дека таа со возилото на своето момче Ненад Алексиќ – Ша направила сообраќајна незгода, но според официјалните искази во полиција, сепак возилото го возел токму Ша.

Против него ќе биде поднесено соодветно барање за поведување прекршочна постапка согласно законот.