Тарантино јавно ја повтори заклетвата – на мајка му не и дава „ни денар“

Познатиот режисер Квентин Тарантино јавно си ја повтори заклетвата дека на мајка му нема да и даде „ниту денар“, затоа што кога бил млад, таа се обидела да му му ја заврпи филмската кариера.

Тој во новата епизода на интернет-емисијата „Момент“ на Брајан Копелман се потсети на ветувањето кон себеси кога имал само 12 години.

„Мајка ми никогаш не ја поднесуваше мојата „схоластичка неспособност“… Беше кучка околу тоа дека пишував сценарија. А потоа, среде една нејзина мала тирада, таа рече „О, патем, оваа мала писателска кариера, со цитати ’од прсти’ и сѐ тоа… Со оваа мала ‘писателска кариера’ што ќе правиш?“ Тоа беше – крај!“, порача Тарантино.

Тој вели дека тоа го доживеал како понижување и се уште е навреден.

Инаку, 58-годишниот филмаџија, кој пред две години го доби и првото свое дете со сопругата,  израелската пејачка, Даниела Пик, за неговиот тогашен оскаровски филм „Си беше еднаш во Холивуд“ најавуваше дека ќе му биде претпоследен, ноо, сега, тој размислува и со него да се пензионира како режисер, за да не го расипе добриот впечаток.