По најновата објавена снимка за случајот Рекет, се огласи и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, но и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари. Според него, оваа влада нема кредибилитет повеќе.
Според него, рационален потег на власта во моментов би бил назначување на експертска влада и организирање предвремени парламентарни избори. Таварави вели дека не верува дека со оваа влада ќе има датум за почеток на преговорите со ЕУ. Инаку, Таравари е поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, а несогласувањата настанаа кога тој одлучи да замине од министерското место и да се кандидира за градоначалник на Гостивар, каде Зоран Заев отворено го поддржа кандидатот на ДУИ.
Уште поголеми проблеми помеѓу Таравари и власта настанаа кога Министерството за образование одлучи да му ги одземе ингеренциите во Гостивар во областана образованието.