Македонија

Таравари незаинтересиран за нов мандат во Гостивар

Доктор Арбен Таравари не е заинтересиран за нов гардоначалнички мандат на Гостивар. Тој во интервју за Сител  рече анкетите покажувале оти АА има поддршка во Гостивар.

„Јас би прифатил, иако ако ме прашувате лично не би имал некоја желба да продолжам. Сметам дека еден градоначалник може да покаже сѐ што знае за четири години и нема потреба од втор мандат. Меѓутоа, партијата е во еден период кога претендираме да имаме барем седум-осум, девет или десет општини. Имаме релативно добри кандидатури“, рече Таравари, откривајќи дека најверојатно четворица или петмина од кандидатите се доктори по професија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни