Има разлика меѓу легитимитет и легалност. Оваа влада има легалност. Легитимитет е друга категорија. Според мене, неизбежно е некаде кон септември да се одржат предвремени избори, вели Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците за Утрински брифинг.
Тој додава дека времето ќе покаже, а и анкетите велат дека СДСМ е брод што тоне оти внатре се случува раскол. Таравари вели дека ни на ДУИ не им одговараат предвремени парламентрни избори со оглед на тоа што во најголемите градови каде што живеат Албанци тие ги загубија локалните избори.