Таравари: Прескапо ја плативме соработката со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2021, но не жалиме

Го скршивме табуто дека ВМРО-ДПМНЕ, по 2016 година, може да соработува со некоја албанска партија. Во ноември или декември во 2020 година, „Конрад Аденауер“ нè седна заедно и во тој период побаравме од ВМРО-ДПМНЕ да се смени таа реторика и тој вординг за евентуална соработка на локалните избори во 2021 година, истакна Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Тие успеаја во тоа. Барем се обидуваа декларативно, дека жалат за тоа што се случило на 27 април, дека не им пречи 20 посто, дека соживотот е фундамент на оваа држава. И ние се договоривме да соработуваме за шест општини за локалните избори, но цената прескапо ја плативме. Дефинитивно“, рече Таравари.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Амбасадата на САД за средбата Мицкоски-О‘ Брајан: Важна улога на сите партии во ЕУ процесот

Тој посочи оти во Гостивар не постоела анкета, а да не покажуваше победа на Алијанса за Албанците на локалните избори во 2021 година. ВМРО-ДПМНЕ да имало максимум 3.000 гласови во Гостивар. Никого не сакам да потценам како политички фактори, меѓутоа разликата во Гостивар беше 6.000 гласа. Алијанса за Албанците имаше 50 посто повеќе од ДУИ. И Данела немаше да победи и ВМРО-ДПМНЕ немаше да победи во повеќе општини во прв круг, ако немаше соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Меѓутоа, тоа се хипотетични состојби и не жалам за ништо што сум направил“, истакна првиот човек на Алијанса за Албанците.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  За три месеци во Македонија разведени 301 брак

Тоа што се случува сега со ВМРО-ДПМНЕ, вели Таравари, е поинакво ВМРО-ДПМНЕ од тоа со кое соработувала Алијанса за Албанците во 2021 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното