4-годишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, полиено со бензин и запалено од сопствениот татко, дознава бТВ.
Детето има 80% изгореници по телото и итно е пренесено во придружба на мајка му во „Пирогов“.
Според зборовите на мајката, таа не живеела со таткото на детето. Таа во полиција рекла дека тој е виновен.
Инцидентот се случил нешто пред 17 часот.
Момчето е во исклучително тешка состојба. Таткото побегнал и по него се трага. Полицијата разјаснува што точно се случило со детето.