Во Општата болница во Пирот околу полноќ се примени татко (28) и двегодишно дете поради сомневање за труење со киселина, јавува „Блиц“.
И таткото и детето се пренесени од Пирот во КЦ Ниш.
Оперативната работа на полицијата за утврдување на сите околности на овој случај е во тек.
За се е известено надлежното обвинителство, дознава „Блиц“.