Техничкиот премиер ќе се знае во декември, Мицкоски тврди дека веднаш побарал техничка влада

Иако директно не посочи, сепак индиректно Зоран Заев најави дека фаворит за технички премиер е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што вели тој, конечната одлука ќе биде донесена по заеднички внатрепартиски консултации, како и разговори со коалициските партнери. Доколку СДСМ победи на изборите Заев повторно ќе биде премиер.

„Сите спомнуваат дека очигледно еден министер ќе треба да излезе и уште еден ќе излезе, ама тој што ќе излезе поприлично долго време е во раководството на СДСМ и логично е вие го спомнувате, но навистина не сме размислувале. Јас би го повлекол кај мене Оливер Спасовски во партијата заедно со Љупчо Николовски да ја истрчаме кампањата, секретар бил има искуство, но истовремено мораме да внимаваме на државните работи.“, вели Заев.

Иако по лидерската средба Заев изјави дека тој барал брзи предвремени избори, а дека од ВМРО-ДПМНЕ не се согласиле, Христијан Мицкоски тврди дека предлогот бил негов.

„И на оваа средба со државниот врв јас предложив од оваа недела да формираме техничка влада и да почнеме да ги броиме 100-те дена а потоа ќе има избори. Заев одби уплашен и збунет. Одби и потоа неволно се даде техничка Влада зошто знае дека таква една Влада ќе се спречи повторувањето на неславните рекорди од гласањето од 5,4 секунди на референдумот и за тоа никој не одговара.“, изјави Мицкоски.

За се погласните говорења дека министерот за внатрешни работи ќе го замени Заев во премиерската фотелја на техничката Влада, Спасовски истакна дека е сосема неважно кој ќе ја предводи таа влада. Рече дека за тоа постојат рокови за што ќе бидат донесени одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат техничката. Засега нагласи тој, и МВР и Владата ќе продолжат со активностите што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем и подобрување на условите за живот на граѓаните. Освен Спасовски, неофицијални извори велат дека и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски е можен кандидат за технички премиер.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното