Декупажот е стара техника за украсување на велигденските јајца, но сите се враќаат на неа. Многу е едноставно, а како резултат добивате различни и покреативни јајца. Ако и вие сакате да го пробате, но не сте сигурни што да правите, тогаш прочитајте подолу. Покрај оваа техника, јајцата можете да ги бојадисате со разни други, како овошје, зеленчук, пена за бричење…
Состојки:
јајца
салфетки
белки
Подготовка:
Купете различни салфетки, а потоа отстранете ги сите освен површинските слоеви. Треба да ви остане само оној со шаблонот. Сварете ги јајцата, па почекајте да се исушат. Од салфетката исечете ја шаблонот што го сакате, па ставете го на јајцето. Потопете ја четката во белките и потоа поминете преку салфетката. Постапката повторете ја додека не го наполните целото јајце.
