Македонија

Телефонски разговор Ковачевски – Шмигаљ: Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО

Телефонски разговор Ковачевски – Шмигаљ: Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил објави дека доцна попладне имал телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ.

„Му пренесов дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата.

На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина.

Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош.

Премиерот Шмигаљ се заблагодари во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош“, вели Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни