Групите на социјалните мрежи стануваат канал каде на големо се шират фотографии на малолетници. Една таква група со назив “Јавна соба“ се појави на социјалната мрежа Телеграм на која брои над 7 илјади лица.
Фотографиите, како што известуваат од Младинскиот образовен форум вообичаено се земени од социјалните мрежи или од лица блиски на девојчињата. Освен фотографиите, стои име и презиме како и место каде учат или живеат.
Откако беа алармирани институциите, групата е затворена, а Бирото за јавна безбедност започна истрага за откривање на креаторите и членовите на групата, извести дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски рече дека во овој процес се вклучени и Обвинителството, МОН и МТСП. Тие ќе помогнат во пронаоѓањето на креаторите на групата и ќе понудат психолошка помош за оние кои се засегнати во случајот. На прашањето дали државата има мерка во иднина да спречи формирање вакви групи и злоупотреба на фотографиите на малолетниците? Тој одговори:
Инаку социолозите за оваа појава вината ја упатуваат кај институциите и големата употреба на социјалните мрежи од страна на малолетни лица, за што е потребна поголема контрола од родителите. Социологот Илија Ацевски вели дека ширењето на ваквите фотографии може да стане извор на злоупотреба и на малолетниците.
Властите известија дека такви групи биле формирани и порано, но како што велат по нивното пријавување истите биле веднаш затворени.