Македонија

ТЕЛМА: Вакциниран Тетовец починал од Ковид-19

Во тетовската болница починал 62-годишен кој бил заразен со Ковид-19 иако претходно примил две дози од вакцината на „Синофарм“. Др Гзим Нуредини тврди дека станува збор за човек кој имал 3 потешки хронични болести и веројатно затоа не создал имунитет.

Оттаму за Телма велат дека не сакаат со овој случај да ги уплашат другите лица кои имаат коморбидитети и ова да им послужи како изговор да не се вакцинираат.

Извор: Телма

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни