Температури околу нулата со умерен северен ветер за новогодишната ноќ

Ќе нема снег за новогодишната ноќ во поголемиот дел од Македонија, особено во пониските предели.

Температурите ќе се движат околу нулата, со можност за умерен северен ветер. Слаби врнежи од снег се можни во северозападните делови од Македонија, соопштуваат од УХМР.

Се вчитува...

Заладување може да се очекува од четврток кога температурите ќе движат под нулата, а во одредени делови се можни појави на снег. Ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Извор: ТВ21