Тензична атмосфера на седницата на Комисијата за надворешна политика. По завршувањето на долгиот говор на министерот Димитров за надворешните политики и за евроинтеграциите, во салата дојде пратеникот на ДУИ Артан Груби. Веднаш побара едночасовна пауза за да се информира што зборувал министерот, а потоа да се подготви за дебата.
„Говорот на министерот беше доста долг. Ги барам забелешките од стенограмот и едночасовна пауза додека го добијам стенограмот и потоа ќе продолжиме, за да можеме сите заедно да дебатираме. Имав мои обврски. Прочитај го Деловникот, барам половина час пауза.
Груби рече дека барањето за пауза е негово право што му го гарантира Собранискиот деловник, но Милошоски рече дека е подготвен да го прекрши деловникот и да не даде пауза“, рече Груби.
Димитров во својот говор каде зборуваше за евро интеграциите, рече дека се уште не е усвоен законот за обвинителство, нешто што го очекуваат земјите членки на ЕУ.
Но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сакаа да зборуваат за, како што го нарекуваат, потфрлањето на Владата за недобивањето датум.
Во текот на дебатата, Милошоски рече дека Никола Груевски во 2008 година побарал од него да го вработи Димитров во МНР.
Инаку вчера за време на седницата на Комисијата за европски прашања, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата со образложение дека тоа не е местото каде што треба да се дискутира за надворешна политика.