Во Лепосавиќ уште во раните утрински часови откако излегол од својата куќа бил уапсен уште еден Србин.
Тој е уапсен утринава околу 8 часот, кога излегол од населбата Тврѓан кон Лепосавиќ, во близина на местото викано Бункер.
Жителите на Лепосавиќ се собираат во близина на општинската зграда и се видно вознемирени од веста која стигна утрово, јавува Косово онлајн.
Силите на КФОР се засилени околу Лепосавиќ.
Во петокот на административниот премин Јариње беше уапсен здравствениот работник Далибор Спасиќ, а ден пред тоа во Лепосавиќ беше уапсен Србин кој е обвинет за наводен напад врз новинари.
