Македонија

Тепачка во Охрид, приведени седум лица пред казино

Во Охрид е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир за време на новогодишната ноќ. Утринава околу 4:30 часот полицијата реагирала пред едно казино на улицата „Партизанска“ кога се случила тепачка во која учествувале седум лица.

Во тепачката две лица се здобиле со повреди, и им била укажана лекарска помош.

Учесниците се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни