Едно лице загина кај општина Ѓорче Петров откако во него удрил автомобил, соопштија вчера од МВР.
„Пријавено е дека кај Општина Ѓорче Петров, патничко моторно возило „Ауди“ удрило пешак. Пешакот починал“, велат од МВР.
Нивна екипа била упатена на местото на настанот, а се очекува МВР со подетални информации да излезе во текот на денешниот ден.