Македонија

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен – две лица се борат за живот

На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ѓ.(20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.А.(21) од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.П.(59) од битолското село Бистрица.

Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека Е.К.(19) од Охрид, сопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49) и Т.П.(55), двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни