Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Кавадарци – загина 20 годишно момче

Дваесет годишно  момче  од кавадаречкото село Возарци утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, потврдија од МВР.

Несреќата се случила околу 4 часот утринава на регионалниот пат Дреново- Кавадарци.

Патничко моторно возило со кавадаречки ознаки излетало од патот, а од добиените повреди на лице место починал возачот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни