AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Делчево – Пехчево

Поради сообраќајна несреќа вечерва во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево во близина на село Црник.

Сообраќајката како што информираат возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистерски таблички и две со македонски регистерски таблички.

Возачите очевидци како причина за сообраќајката го наведуваат можното одбегнување на одрон по што дошло до судир на возилата.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа најавија во текот на утрешниот ден.