Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Битола, повредените итно префрлени во Клиничка болница

Тешка сообраќајна несреќа во Битола, повредените итно префрлени во Клиничка болница

На 22.11.2022 во 00.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, управувано од Т.Р.(39) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.А.(30) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Т.Р. и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни