Македонија

Тешко повреден 18-годишен пешак во Пробиштип

Тешко повреден 18-годишен пешак во Пробиштип

На 16.02.2026 во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни