Тетовец бара Касами да му купи нов бојлер

Ова е Вези Елези од Тетово. Вели дека поради недостиг на вода во градот му се расипал бојлерот, поради што неговото семејство било ставено во опасност.

„В понеделник наутро се разбудив да наполнам вода и видов дека бојлерот не пушта вода, бидејќи вода имаме два часа и потоа ја снемува. Потоа пак доаѓа час и пол, потоа еден час, и не можам да знам кога доаѓа, а кога ја снемува. Бојлерот повлекувајќи ја водата прегорел. Повикав мајстор, кој ми рече да го фрлам бидејќи веќе не работи и дека Господ нѐ сочувал“, вели Вези Елези.

Неговата поплака му ја пренесе на градоначалникот Биљал Касами преку Фејсбук порака:

-Што велиш, ќе ми купиш нов? 

-Оваа штета е поради водата, сега прегоре…

Но, Елези не добил никаков одговор од градоначалникот.

-Да, му ја пратив фотографијата на г.Биљал, тој ја видел, но не ми врати никаков одговор.

-Што му порача ти?

-Го замолив да го регулира прашањето со водата, бидејќи без вода не може да се направи ништо.

Став побаравме и од општинските власти. Од таму велат дека Јавното комунално претпријатие  „Тетово“ не доставило никакво барање за можни штети во домаќинства настанати поради дефект на водоводната линија „Лешница“, па затоа, како што додаваат немале никаква комуникација со граѓаните. Но, дали следува отштета доколку некој поднесе писмена жалба?

„Постапките за обесштетување од ваков карактер треба да поминат низ Советот согласно законот и финансиските политики на општина Тетово“, велат од општината.

Тетово со недели мака мачи со недостиг на вода, како резултат на дефект на водоводната мрежа во Лешница. Од општината велат дека водоводната мрежа ќе почне да се санира кога ќе се подобрат климатските услови.

Поврзани вести

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време...

Ковачевски и Петков: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во...

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда...

Најважното

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се...

Ковачевски и Петков: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“,...

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на...

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044...