На регионалниот пат Тетово – село Јажинце, после мостот во село Непроштено Ш.И.(49) од село Слатино управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, вчера околу 6.30 часот излетал од патот.
Во незгодата со повреди се здобиле двајца сопатници од село Слатино, сопатникот Р.И.(46) се здобил со тешки телесни повреди, a М.И.(73) со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.