Тетово: Удрил во старица и побегнал

На улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, вчера ( 26 ноември ) околу 17 часот, патничко возило „Ровер“ со гостиварски регистерски таблици, што го управувало засега непознато лице, удрило во 72-годишната тетовка Е.В.( пешак ) и веднаш го напуштило местото.

Од удирањето, Е.В. задобила тешки телесни повреди ( скршеница на десна рака ) и со друго возило пренесена е во тетовската клиничка болница.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата и се друго.

Извор: ТВ21