25-годишната Саша Етвуд, девојка на англискиот фудбалер на „Астон Вила“ Џек Грилиш, се пожали дека станала мета на злобни интернет пораки.
Имено, корисниците на социјалните мрежи и праќале вознемирувачки пораки како „се надевам дека ќе добиеш рак и ќе умреш“ и „сакам да загинеш во сообраќајна несреќа“.
„Дневно примав 200 закани по живот. Не претерувам кога тоа ќе го кажам, и понатаму ги добивам, секој ден, на Тик Ток и Инстаграм. Сите се од тинејџерки. Ми пишуваат како го планираат моето убиство и додаваат како никогаш не мразеле толку некоја жена како мене. Едноставно не можам да сфатам како луѓето можат да бидат толку одвратни без никаква причина“, вели Саша.
Таа вели дека ја загрижува фактот дека во прашање се девојчиња на 13 или 14 години, што е многу тажно.
