Свет

Тие го вратија снабдувањето со електрична енергија и вода низ Киев

Тие го вратија снабдувањето со електрична енергија и вода низ Киев

Снабдувањето со вода и електрична енергија низ Киев сега е обновено по вчерашните руски напади кои оставија многу жители на главниот град на Украина без струја и вода. Ова го соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, цитиран од Франс прес.

Снабдувањето со вода и струја „целосно е обновено“, напиша Кличко во „Телеграм“.

„Сепак, се воведуваат исклучувања, бидејќи дефицитот во енергетскиот систем (. . .) е значителен“, прецизира тој, цитиран од ТАСС.

Според очевидци, денеска имало „сериозен прекин“ во местата на снабдување со електрична енергија и вода во Киев.

Масовните руски удари врз локациите на украинската инфраструктура вчераутро оставија 80 отсто од жителите на главниот град без вода, а 350.000 домаќинства останаа без струја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни